Реонот околку Млечен ресторан денеска без вода

49

Поради дефект на затворач ф-80 милиметри на улица „Дрезденска“ број 8, денеска  прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа и од улиците „Алжирска“, „Каирска“, „Борка Талевски“, „Римска“, „Бахар Моис“, „Панче Пешев“ и „Наум Евро“ и дел од „Њуделхиска“, „Анкарска“ и „Атинска“ во реонот околу Млечен ресторан во Општина Карпош.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот, па до завршување со санација на дефектот.