Реновирани диското и дворот

167

Диското и задниот дел од дворот во студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ се реновирани во студентска акција на членови на Младинскиот образовен форум што се спроведе од 1 до 18 месецов, во рамкитe на проектот „Студентски домови без корупција“.

Во студентската акција се работеше на уредување на просторот на постоечкото диско каде што студентите ќе можат да одржуваат  забави, како и дворот во студентскиот дом во кој студентите ќе можат да го поминуваат своето слободно време. Претходно, таква акција се одржа во студентскиот дом „Стив Наумов“ каде беа реновирани читалната и дворот, а за месецов се планираат активности и во студентскиот дом „Гоце Делчев“ .

Целта на акциите е да поттикнат студентски активизам и самоорганизирање за адресирање на проблемите кои ги засегаат студентите – станари и волонтерски ангажман за нивно решавање.

Проектот „Студентски домови без корупција“ се спроведува од август 2018 до јули 2019, со финансиска поддршка од Фондација Отворено општество- Македонија. Примарната цел на проектот е поттикнување на институциите на потранспарентно и поодговорно управување со студентските домови, како и вклучување на други институции, организации и правни лица за подобрување на условите во домовите.