Ремек делото на Микеланџело, „Давид“ прогласен за порнографија во училиште на Флорида

408

Директор на училиште во Талахаси, Флорида, бил принуден да поднесе оставка откако родител се пожалил дека учениците се изложени на порнографија.

Жалбата на родителите била поднесена поради предавање на час по уметност на ренесансата каде на учениците им била покажана статуата на Давид на Микеланџело, иконо уметничко дело и едно од најпознатите во историјата на западната уметност, јавува Би-Би-Си.

Сепак, еден родител се пожалил дека материјалот прикажан на предавањето е порнографски, а уште двајца родители побарале информации за содржината на предавањето.

Директорката на училиштето во Талахаси Хоуп Карасакила потврди дека поднела оставка откако училишниот одбор и поставил ултиматум – или да поднесе оставка или да биде отпуштена.