РЕКРЕАЦИЈА, ДРУЖЕЊЕ И ЗАБАВА НА „САМРЛЕНД“

139

Во рамки на скопски летен фестивал „Суммерланд” 2019, вечерва за првпат во Скопје ќе биде организирана и голема дружба со миленици. Шестата забава има за цел да ги едуцира граѓаните околу вдомувањето и чување на миленик, но и да се помогне на бездомните животни.

– Секој кој сака да донира, во соработка со Нула отпад, може да донесе празни батерии и ситен електронски отпад. За да бидеме општествено одговорни и да ја чуваме околината, наместо со пари, на одреден дел од штандовите со празни батерии ќе може да се купи и пијалак – информираат организаторите.

„Самрленд“  започна во четвртокот со бендот „Нокаут“, а е под покровителство на Град Скопје. Во наредните денови, на Школка ќе се игра и првата хип-хоп претстава во регионот „Црнила Ремикс“, а во летното кино на отворено, во соработка со МКЦ, граѓаните ќе може да ги погледнат македонските наградувани филмови „Господ постои, името и е Петрунија“ и „Џган“. Следуваат и настапите на Амон Мра, Летечки Пекинезери, проектот Тхе Мусиц Роом, Културно Уметнички Работници,  а во сабота гостува легендарната сараевска група „Црвена Јабука“ и еден од најдобрите вокали во регионот- Дражен Жериќ Жера.

Секојдневно на „Суммерланд” ќе има и спортски, забавни и едукативни активности како вежбање аеробик, зумба и крос фит, часови по латино и хип хоп танцување, хуманитарно готвење за бездомните лица, изложби на отворено, цртање во живо, детски работилници, како и програма за деца. Во детското катче, најмалите ќе имаат можност да се дружат со ГП и Стефонатор, Војо Иванов, но и еден ден бесплатно да ја посетат Зоолошката градина и да ја погледнат уникатната претстава „Хакуна Матата во Зоо парк“. Целосната програма за фестивалот, како и распоредот за секој настап и активност одделно, може да ги прочитате на фејсбук-страницата на „Суммерланд”.

Фестивалот има за цел да биде пријатно место во текот на месец јули, за сите оние кои се дома, да можат секојдневно да имаат каде да го поминат слободното време, да се рекреираат, дружат и уживаат во богатата културно-уметничка програма.