Рекордна сеча на бразилските дождовни шуми во 2020 година

43

Експерти денеска предупредија за рекордното уништување на бразилските дождовни шуми во 2020 година и истакнаа дека неконтролираната уништување на шумите во Бразил се влоши откако Жаир Болсонаро ја презеде претседателската функција во земјата и го уназади системот за заштита на животната средина.

Оваа година биле исечени 11.088 квадратни километри прашуми, што е за 9,5 проценти повеќе од претходната година, според извештајот на ИНПЕ, бразилската Национална агенција за истражување на вселената.

Извор:МИА