Рекордна понуда за Белоти

114

Лондонскиот премиерлигаш Вест Хем ќе се обиде до крајот на летниот преоден рок да ги осигура услугите на најдобриот фудбалер во дресот на италијанскиот калчолигаш Торино, Андреа Белоти.

Британските таблоиди открија дека пред неколку дена популарните „чекани“ испратиле официјална понуда за услугите на италијанскиот репрезентативец вредна 60 мил. евра. Иако станува збор за примамлива понуда, раководните лица на Торино веднаш одговориле дека Белоти не е за продажба.