Рекордна акција на шпанската полиција:Запленети 5,6 тони кокаин

77
Шпанската полиција соопшти денес дека запленила 5,6 тони кокаин во вредност поголема од 340 милиони евра во пристаништето Валенсија што е рекорден износ на запленети опијати во последните четири години.
Соопштението за заплената следеше два дена откако Европол соопшти информации за разбивање на „суперкартел“ кој контролира околу третината од трговијата со кокаин во Европа, од страна на властите на шест земји, меѓу кои е и Шпанија.
Шпанската цивилна гарда соопшти дека 13 лица се уапсени во Шпанија во рамки на овие две заенички операции. Картелот префрлувал кокаин од Панама во Шпанија преку медитеранските пристаништа Алехсирас, Барселона и Валенсија.