Рекорден трансфер на Пепе

112

Ако им се верува на италијанските медиуми тогаш прашање е само на време кога најдобриот фудбалер во дресот на францускиот прволигаш Лил, Николас Пепе, и официјално ќе биде преставен како најскапа аквизиција во клупската историја.

Сопственикот на „азурите“, Аурелио де Лаурентис е подготвен да одвои околу 65 мил. евра за услугите на брзоногиот напаѓач кој доколку се пресели во Италија ќе си обезбеди годишна плата од 6 мил. евра. Интерес за услугите на Пепе покажаа и најбогатите клубови во англиската Премиер лига.