Реконструкција на полигонот и игралиштето во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“

123

Почнаа градежните активности за целосна реконструкција на полигонот и кошаркарското игралиште што се наоѓаат во дворот на основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“, а нов асфалт ќе добие и фудбалското игралиште што се наоѓа во нивна непосредна близина.

– Вкупно 68 сообраќајни знаци ќе бидат поставени на полигонот, како и семафори и друга светлосна сигнализација како за велосипедистите, така и за пешаците, а целосно ќе се уреди и хоризонталната сигнализација на површина од над 166 квадратни метри. Со реконструкцијата на полигонот ќе се подобри и унапреди воспитно-образовниот процес на учениците и велосипедистите, како и нивно детално запознавање со сообраќајните правила и прописи, со што ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот – информираат од општина Аеродром.

Во насока на подобрување на условите за спортување, проектот ќе опфати и целосна реконструкција на кошаркарското игралиште во рамките на дворот на ова училиште кое се наоѓа во срцето на Аеродром и секојдневно опслужува голем број професионални и рекреативни спортисти.