Реконструкцијата на улицата „Орце Николов“ дојде до четвртата фаза

152

Општина Центар интензивно работи на четвртата фаза од реконструкцијата на улицата „Орце Николов“.

Како што информираат оттаму, реконструирани се коловозните, пешачките и велосипедските површини,  се воведува нов систем за модернизација на јавното осветлување, како и резидентно паркирање.

-Една од главните сообраќајници во Дебар Маало ќе добие нов и модерен лик што ќе овозможи зголемена безбедност во сообраќајот и ослободени јавни површини за слободно движење на пешаците и велосипедистите- велат од Општина Центар.

Градоначалникот Саша Богдановиќ апелира до сите граѓани и учесници во сообраќајот да ги почитуваат измените во сообраќајниот режим во Дебар Маало и да бидат внимателни при изведбата на градежните активности.