Режисерот Стоун го праша Путин за Сталин и доби интересен одговор

130

Рускиот претседател Владимир Путин во интервјуто кое го даде за американскиот режисер Оливер Стоун изјави дека има комплексен однос кон делото на советскиот лидер, Јозеф Сталин.

Путин вели дека се противи на прекумерната демонизација на Сталин, но и дека ужасите на сталинизмот не смеат да се заборават.

„Тој секако е комплексна фигура“, изјави рускиот претседател.

„Ми се чини дека прекумерната демонизација на Сталин е еден вид напад врз Советскиот Сојуз и Русија, со цел да се покаже дека модерна Русија носи некаква дамка уште од времето на сталинизмот“, објасни Путин.

„Во реалноста, Русија е целосно променета земја. Се разбира, веројатно има и нешто кое е останато во сите нас. Тоа, сепак, не значи дека треба да ги заборавиме сите ужаси на сталинизмот, поврзани со концентрационите логори и убиствата на милиони наши сонародници“, додаде претседателот.

Политикологот, Игор Шатров, за „Спутник“ изјавил дека во интервјуто со Стоун, Путин настапил како одговорен граѓанин и политичар.

Во 2017 година американскиот режисер, Оливер Стоун, издаде мини документарен серијал насловен „Интервјуа со Путин“, а неодамна повторно седна лице в лице со рускиот претседател за да го интервјуира за наговиот најнов филм „Разоткривање – Украина“.