Дали има нешто што отсекогаш сте сакале да го пробате во спалната соба? Па, не сте единствени. Изгледа дека исти сексуални фантазии делат голем број луѓе, вели Ерика Ласт, режисерка на порно филмови. Вели дека некои фантазии речиси сите ги имаат.

По повод настанот на Би-би-си, „100 жени“, Ласт проговори за ситуациите кои повеќето луѓе би сакале да ги доживеат, или барем да ги гледаат на филм, пренесува 24 часа.

-Најчесто станува збор за секс во тројка, или групен секс. Не значи дека тоа сите сакаат да го пробаат, но сите по малку размислуваат за тоа и сакаат да видат како изгледа барем на филм, вели Ласт.

Втората најчеста фантазија е садо-мазо секс, па неверство, односно изневерување на партнерот со некој друг, тврди Лас врз основа на анкета на портал на кој луѓето споделуваат искуства поврзани со нивните сексуални фантазии, пренесува Мирор.

И сексуалната терапевтка Полин Рајлан, позната како „шепкачка на интимата“, неодамна зборуваше за тоа што нејзините клиенти најчесто ја прашуваат. Врз основа на искуството со околу 100 пациенти, таа вели дека најчестите прашања на жените се поврзани со недостатокот на либидо и тешкотија да достигнат оргазам, додека мажите се жалат на немање ерекција или прерана ејакулација.

Според Рајлан повеќето двојки имаат проблеми со сексот – не знаат да разговараат, вели таа и убедена е дека тоа е поврзано со стресот и со тоа што луѓето се заробени од некои стравови. Затоа, препорачува техника на соматско работење на телото, во рамките на кое се учи како да се поврзат умот и гениталиите.