Редок вселенски феномен: Кометата Неовајс ќе помине покрај Земјата, ќе ја видиме и од Македонија

1231

Кометата Неовајс (NEOWISE или C/2020 F3) минатата недела помина покрај Меркур, а близината на Сонцето овозможи прашината и гасот од нејзината површина да направат голема опашка.

Според НАСА, кометата се движи кон Земјата и најблиски ќе се доближи до земјината орбита за две недели, осносно на 23 јули, кога сѐ уште ќе биде оддалечена 103 милиони километри.

Кометата ќе биде видлива со голо око во текот на ноќните часови поради својот голем сјај, но за да се види нејзината опашка ќе биде потребен двоглед, велат од НАСА.

Телескопот на НАСА ја откри Неовајс во март, а научниците кои учествуваа во таа мисија тврдат дека кометата е долга 5 километри. Нејзиното јадор е обложено со честички кои се создале во нашеиот Сончев систем пред 4.6 милијарди години.

Неовајс ќе биде видлива од Земјата до средината на август, а потоа ќе се оддалечи на својот пат кон друг систем.