Регулаторна бара ингеренции за повисоки казни за компаниите што не испорачуваат топлинска енергија

53

Регулаторната комисија за енергетика подготвува предлог измени во Законот за енергетика со кои ќе побара поголеми ингеренции и прецизирање на надлежност во однос на изрекување на повисоки казни кон операторите на дистрибутивните системи доколку поради нивна неажурност и лоша организација ги оставиле потрошувачите без греење во време на грејна сезона.

– Мора да ги зголемиме нашите ингеренции и да можеме да изрекуваме сериозни казни кои ќе бидат врзани со процент од вкупен приход што го остваруваат енергетските компании, што е и сугестија од Енергетска Заедница. Сега, овие казни се многу мали и незначајни за нив и се од 5.000 евра до 7.000 евра во зависност од дело. Со зголемување на казните, ќе делуваме превентивно и ќе се дисциплинираат операторите на дистрибутивните системи да не се чувствуваат комотно и сериозно да ја сфатат својата улога, а со тоа ќе ги  заштитиме потрошувачите. Дополнително измените ќе бидат и во насока веднаш да може да добијат пониски сметки, доколку не ја добијат услугата – а не како сега на крај од грејната сезона во порамнителните сметки – изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Иницијативата следува откако на почетокот на грејната сезона РКЕ одржа состанок со БЕГ и сите останати компании кои го снабдуваат Скоје со топлинска енергија на којод страна на компаниите беше информирани дека ќе нема проблем за почеток на грејната сезона.

– Ние врз основа на информациите од БЕГ верувавме дека ќе нема проблеми, но во голем дел на Скопје има проблеми, на кои ни посочија граѓаните дека немаат топлинска енергија, по што БЕГ ни даде точна информација. Ние мора да делуваме поригорнозно, затоа што очигледно дека казни до 7000 евра не им претставуваат проблем, затоа ќе побараме законски измени. Ако продолжи ваквото некоректно однесување и не се отстранат недостатоците ќе ја разгледаме опцијата за одземање на лиценцата – изјави Бислимовски.

Бислимоски посочи дека потрошувачите има право да го тужат БЕГ поради недобивање на парно пред суд и дека РКЕ стои на располагање за да им даде соодветен документ со која ќе ја потврди фактичката состојба.