Регистриран земјотрес во близина на Сараево

34

Земјотрес со јачина од 2,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 7,15 часот во близина на Сараево, јавуваат медиумите во Босна и Херцеговина.

Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот бил на 30 километри источно од главниот град на БиХ.

Земјотресот е регистриран на длабочина од два километри.

Не се знае дали е направена некаква штета.