Регионалниот фонд за предизвици со повик за финансирање проекти во образованието

22

Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ), го отвори Третиот повик за изразување интерес на кој апликанти од сите економии и сите економски сектори од Западен Балкан 6, може да аплицираат до 7 јули, 2023 година. 

Германското федерално министерство за економска соработка и развој намени 64,43 милиони евра за РЦФ, а Владата на Швајцарија преку Швајцарската агенцијата за развој и соработка (SDC), вложи дополнителни 9,7 милиони швајцарски франци. Средствата се доделени на Германската развојна банка (KfW), a проектот се спроведува од Коморскиот инвестициски форум за Западен Балкан 6 (WB6-CIF), заедничка иницијатива на Стопанските комори од регионот.

Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ) претставува финансиски инструмент кој има за цел да ја зголеми вработливоста на младите и да ја поттикне конкурентноста на претпријатијата во економиите од Западен Балкан 6 преку финансирање на инвестиции во опрема и инфраструктура за избрани кооперативни проекти или проекти за стручно и дуално образование, кои се спроведуваат по пат на партнерства помеѓу установите за стручно образование и обука и претпријатијата. Грантовите се доделуваат преку натпревар на регионално ниво.