Регионална анализа: Словенија, Грција и Албанија со најниска, а Македонија и БиХ со најголема инфлација

Според регионалните анализи, Македонија заедно со Босна и Херцеговина има највисока годишна инфлација за 2022 година, која е над 14%. По нас се Хрватска со 13,5% и Црна Гора со 13%. Србија, а Косово има нешто повисока од 10%. Со едноцифрена промена во цените можат да се пофалат единствено Словенија  и Грција со 9,6%, а Албанија со најниска инфлација од 6,7%

110

Инфлацијата на потрошувачките цени во Словенија благо се намали на крајот на годината, иако остана значителна, главно поради повисоките трошоци за прехранбените производи. Според податоците на Заводот за статистика на Република Словенија, индексот на потрошувачките цени се искачи за 10 отсто на годишно ниво во јануари, малку под зголемувањето од 10,3 отсто во декември. Инфлацијата остана на двоцифрена бројка осми последователен месец во јануари, пренесува ДПА.

Во Словенија цените на храната и безалкохолните пијалаци се зголемија за 19,3 отсто на годишно ниво во јануари, а оние за мебел, опрема за домаќинството и рутинско одржување на домаќинствата пораснаа за 12,3 отсто. Комуналните трошоци се за 11,1 проценти поскапи во споредба со минатата година.

За разлика од Словенија со под 10 отсто, според регионалните анализи  Македонија заедно со Босна и Херцеговина има највисока годишна инфлација за 2022 година, која е над 14%. По нас се Хрватска со 13,5% и Црна Гора со 13%. Србија, а Косово има нешто повисока од 10%. Со едноцифрена промена во цените можат да се пофалат единствено Грција со 9,6% и Албанија со најниска инфлација од 6,7%.

Што се однесува до просечната плата во Македонија, таа во ноември достигна 536 евра. Зад нас се само Албанија и Косово со примања од 533 евра, односно 484 евра просечна нето заработувачка. Црна Гора има највисока просечна плата од 720 евра, а втора е Србија со нето плата од 636 евра, трета Босна и Херцеговина со нето-плата од 603 евра.