Регионалната депонија во Новаци ќе се гради по европски стандарди

41

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска оствари средба со градоначалникот на општина Новаци, Стевче Стевановски.

На средбата, како што соопшти МЖСПП, се разговараше за изградба на регионалната депонија во општина Новаци на локација до поранешниот рудник за јаглен на РЕК Битола која ќе ги опслужува Пелагонискиот и Југоисточниот Плански Регион.

– Во рамки на средбата направена е посета на сегашната нестандарна депонија и локацијата на предвидената нова депонија. Разговарано е и за потребата изградба на алтернативен пат до централна регионална депонија со што ќе се спречат негативни влијанија кај граѓаните на општина Новаци и Битола. Ќе се финансира со заем на ЕБОР и со грант од Владата на Швајцарија – се наведува во соопштението од Министерството.