Компанијата „Нестле“ најде начин да направи чоколада без додавање шеќер. Тоа би значело еден вид револуција во прехранбената индустрија.

Новиот револуционерен производ на компанијата за храна се заснова на користење на остатокот од материјалот од билката какао, односно пулпата, која во себе содржи природен шеќер, што всушност им служи како засладувач.

За првпат оваа есен во Јапонија, „Нестле“ ќе почне да продава „КитКкет“ со 70 проценти темна чоколада, направена според новиот рецепт, кој не вклучува дополнителен шеќер.

Досега пулпата никогаш не била користена како засладувач на чоколада и обично се фрлала.

Во иднина компанијата „Нестле“ може да го користи истиот процес за производство на млеко или бело чоколадо.