Шпанскиот кошаркарски гигант, екипата на Реал Мадрид во наредните неколку дена ќе се обиде да го договори играчот на Анадолу Ефес, Василије Мициќ.

Мициќ е желба на „кралскиот“ клуб веќе подолго време, а договорот на Србинот и турската екипа завршува налето, па можно е тој да ја промени играчката средина по две години во Истанбул. Според информации блиску до Реал, српскиот играч ќе добие годишна плата од 2.5 милиони евра.

Мициќ важи за еден од најдобрите поединци во Евролигата. Најчесто игра на позицијата плејмејкер, но повремено може да се префрли на „двојка“.