Реал (М) со рекордна понуда за Санчо

104

Играчот за врска од редовите на Борусија од Дортмунд, Џејдон Санчо може да го напушти клубот, бидејќи Реал (М) е подготвен да понуди за него 116 милиони евра, пренесе „Дејли мејл“.

Фудбалерот не е задоволен од својата позиција во клубот. За доцнењето од само еден ден враќајќи се од англиската репрезентација, 19-годишниот играч е казнет со парична казна од 100 илјади евра.

Во тековната сезона, Санчо настапи на 16 натпревари за Борусија, постигна четири гола и забележа осум асистенции. Неговиот договор со германскиот клуб важи до 30 јуни 2022 година. Исто така заинтересирани за Санчо се и Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Барселона и Ливерпул.