Кошаркарите на Реал Мадрид го освоија третото место на Ф4 турнирот во Евролига, откако во малото финале славеа над турскиот гигант Фенербахче со 94:75.

Ова е нов тежок удар за избраниците на Жељко Обрадовиќ кои пред два дена претрпеа уште еден убедлив пораз од финалистот Анадолу Ефез изразен со идентични 19 поени разлика.

Фенер играше рамноправно само во првото полувреме, кога на пауза замина со предност од два поени (40:38), но во второто комплетна доминација имаше шпанскиот тим и на крајот сосема заслужено дојде до победата во Виторија, местото на кое е роден тренерот на „кралевите“, Пабло Ласо.

Најефикасен во победничкиот тим беше Густаво Ајон со 23 поени и 11 скокови, Хозер запиша 13 коша, додека на спротивната страна Костас Слукас постигна 17 поени.

Во големото финале вечерва (20:30) силите ќе ги одмерат екипитe на Ефес и руска ЦСКА (М).