Реал (М) го плаќаше 28.000 евра по минута, а тој спиеше на резервната клупа

79

Последниот зимски преоден рок не помина во знакот на некој спектакуларен трансфер, па поради таа причина, фудбалските медиуми се позанимаваа со едно од најголемите промашувања кога се во прашање јануарските трансфер – преслебата на Жулиен Фобер од редовите на Вест Хем во тие на Реал (М). 

Пред точно 10 години, шпанскиот гигант направи такво промашување кое и ден денеска е предмет на исмејување и чудење. Станува збор за можеби најлошиот трансфер во клупската историја на актуелниот светски и европски клупски шампион.

За време на зимскиот преоден рок во 2009 година, “кралскиот клуб” донесе одлука да го позајми од лондонскиот премиерлигаш францускиот интернационалец Жулиен Фобер. Дури ни самиот фудбалер не можел да поверува дека својата кариера ќе ја продолжи на “Сантијаго Бернабеу#.

Францускиот фудбалер помислил дека станува збор за некаква шега кога добил телефонски повик од преставникот на Реал (М) кој му кажал дека шпанскиот клуб е сериозно заинтересиран за неговите услуги и дека сака да го ангажира од Вест Хем.

  • Искрено, не бев нешто културен при разговорот со претставникот на Реал (М). Помислив дека некој се шегува со мене, дека станува збор за некаква шега. Неколку минути претходно, дознав дека пропаднале преговорите со Њукасл и со Олимпик од Марсеј. Не се чувствував добро, изјави Фобер.

Дресот на Реал (М) го носеше само на два натпревара, а неговиот престој во Мадрид ќе биде запаметен по легендарната сцена за време на првенствениот дуел против Вилјареал, кога буквално заспа на клупата за резервни фудбалери додека неговите тимски колеги се обидуваа да ја анулираат негативата.

Французинот заработуваше 28.000 евра по минута, но не беше во состојба да го гледа својот тим како губи. Нормално, Фобер не се задржа долго во Мадрид, а потоа го носеше дресот на Бордо, Елазигспор, Килмарнок, фински Интер и на индонезискиот клуб Борнео. Моментално има 35 години и е во потрага по нов клуб.