Реал без голгетерот Бензема и гостува на Аталанта

29

Најдобриот стрелец на шпанскиот првак Реал (М), Карим Бензема, нема да игра на првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони против Аталанта во Бергамо.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, искусниот француски напаѓач не успеал да се рехабилитира од повредата на бутниот мускул и го пропуштил денешниот тренинг.

Бензема не беше во составот ниту минатиот викенд, кога Реал славеше на гостувањето кај Ваљадолид со 1:0.

За гостувањето во Бергамо, в среда од 21 часот, тренерот Зинедин Зидан нема да може да смета ниту на повредените Еден Азар, Дани Карвахал, Едер Милитао, Алваро Одриозила, Родриго, Феде Валверде и Серхио Рамос.