Рајс сака само во Челзи

67

Стандардниот првотимец во дресот на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Деклан Рајс, треба да биде последната летна аквизиција на лутиот градски ривал, тимот на Челзи. Повремениот репрезентативец на Англија планира во следните неколку дена да има состанок со челниците на Вест Хем и за време на истиот ќе ги информира дека сака да се пресели на „Стемфорд Бриџ“. Неговата желба ќе стане реалност само доколку лондонските „сини“ понудат 50 мил. евра за обештетувањето.