ВТБ лигата планира да организира претсезонски турнир во Србија, на кој ќе учествуваат екипи од регионов како и руски тимови, откри претседателот на ЦСКА од Москва, Андреј Ватутин.

Тоа значи дека со овој клуб ќе биде и новиот предводник, македонскиот стручњак Елим Рајковиќ, кој пред неколку дена беше претставен како нов тренер на клубот.

Ватутин, исто така, додаде дека и покрај суспензијата од Евролига, сè уште има контакти со евролигашките клубови и дека одржува врски со нив.