Рацете понастрана од Камавинга

56
January 24, 2020, Nice, France: 18 EDUARDO CAMAVINGA (Credit Image: © Panoramic via ZUMA Press)

Спортскиот директор на францускиот прволигаш Рен, Флоријан Морис, испрати јасна порака до сите клубови кои ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на големиот талент од средниот ред, Едуардо Камавинга. Иако станува збор за 17-годишен фудбалер, Камавинга веќе важи за желба на сите европски гиганти, а најзагреан за неговите услуги е шпанскиот гигант Реал (М). Сепак, Морис изјави дека клубот нема да седне на преговарачката маса дури и ако официјалната понуда е 80 мил. евра.