Рацете понастрана од Донарума

76

Раководните лица на италијанскиот калчо гигант Милан ставија крај на сите дилеми кога е во прашање клупската иднина на првиот голман, Џанлуиџи Донарума.

Еден дел од италијанските медиуми ја пласираа информацијата дека поради лошата финансиска ситуација, Милан е принуден за време на зимскиот преоден рок да се ослободи од услугите на репрезентативниот голман.

Сепак, челниците на Милан потенцираа дека Донарума не е за продажба и дека се преговара за продолжување на соработката.