Шпанскиот тенисер Рафеал Надал, поради повреда на стапалото рано ја заврши сезонта, а едно од главните прашања во светот на тенисот е кога тој ќе се врати на теренот. На оваа тема зборуваше неговиот поранешен тренер и чичко – Тони Надал.

-Работите одат на подобро. Се проценува дека рафа ќе почне со играње во Австралија. До тогаш повредата би требало да биде санирана. Убеден сум дека ќе биде така. Идејата е да имаме одлична 2022 годинаи да бидеме сигурни дека Рафа ќе ги вложи сите напори да се случи тоа, изјави Тони.

Надал заради незгодна повреда на стапалото не играше на Вимблдон, Олимписките игри и САД Опен.