Расфрлање со пари? Проект вреден 20 милијарди евра оди на ревизија!

76

Италијанските власти повикаа на финансиска резвија на проектот за изградба на железничка пруга со голема брзина која ќе ја поврзува земјата со Франција, односно италијанскиот град Торино со Лион во Франција

Премиерот на Италија, Џусепе Конте изјави дека најновата анализа за тој проект ја оправдуваат резвизијата за неговата долгорочна одржливост и поновите преговори за начинот за распределба на финансиите.

Железничката линија под Алпите, која би ги повразувала италијанскиот град Торино со Лион во Франција, е поддржана од владејачката партија „Лига“, но жестоко и се противи нејзиниот коалицски партнер „Движењето пет ѕвезди“, кои тврдат дека италијанскиот дел на средствата би било подобро да се потрошат на модернизација на постоечките патишта и мостови, пренесува Ројтерс.

Проектот, познат како „TAV“, заедничкиот проект на двете држави, за кои ЕУ обезбеди до 40 посто од средствата, Италија 35 посто, а Франција 25 проценти.

– Натамошните (коалициски) состаноци ќе бидат потребни, со оглед на тоа дека конечниот договор се уште не е постигнат“, рече Конте по разговорот помеѓу лидерите на двете партии.

Во тек се работите на најамбициозниот дел од тој проект, тунелот од 58 км низ Алпите.

Извештајот кој неодамна беше изработен по барање на италијанскиот министер за сообраќај Даниеле Тонинели покажа дека тој проект е расфрлање на јавни пари, а неговите вкупни трошпоци се проценети на повеќе од 20 милијарди евра.