Расфрлани лекови и хемикалии покрај река во атарот на село Ињево

125

Опасен отпад е депониран покрај реката во атарот на село Ињево, Радовишко. На видеоито што го објави долгогодишниот екологист, Столе Георгиев се гледаат расфрлани лекови и друг хемиски отпад.

Од Државниот инспекторат за животна средина информираат дека по направената комуникација со Георгиев, ќе следи надзор на локацијата од страна на Виш инспектор за животна средина од Канцеларијата во Струмица и раководно лице од инспекциската служба од Општина Радовиш за координиран инспекциски надзор, со цел расчистување на локацијата и утврдување на сторителот.

Од ДИЖС велат дека ќе ја информираат јавноста за состојбата.