Раст на цената на златото, се очекува да достигне до 2.000 долари за унца

27

Вредноста на златото се зголемува, особено по мајските превирања на пазарот на криптовалути. Вредноста на златната унца ја достигна границата од 1.900 долари, што е највисоко ниво од 8-ми јануари па досега.

Челниците на ФЕД продолжуваат да истакнуваат дека сè уште не е време за заострување на монетарната политика бидејќи повисоката инфлација, која во моментов ги придружува развиените економии, се очекува да биде поголема поради тесните грла во снабдувањето.

Се чини дека ФЕД ќе толерира повисока инфлација и нема да реагира наскоро со повисоки каматни стапки, и ова е сценарио што може да ја зголеми цената на златото над 2.000 долари за неколку месеци, особено ако доларот продолжува да губи од вредноста.