Раст на хрватската индустрија во април за 17,3 отсто

19

Во Хрватска во април е зголемено индустриското производство за 17,3 проценти на годишно ниво, но е забележан пад од 2,1 отсто во споредба со претходниот месец, соопшти денеска хрватското Централнотбиро за статистика.

Тоа е петти последователен месец со раст на индустриското производство на годишно ниво, при што априлската стапка на раст е највисока од 2001 година.

Годишен раст на производството во април беше забележан во сите пет сектори. Во првите четири месеци од оваа година, хрватската индустрија порасна за 8,4 проценти во споредба со истиот период во 2020 година, кога забележа пад од 3,4 отсто.