Растот на цените ќе продолжи, соопштува Народна банка

37

Народната банка потврди дека има неизвесност во однос на движењето на светските цени, што секако се рефлектира и овде. Годишниот раст на цените во периодот април – мај 2021 година изнесува 2,9 отсто и е во согласност со очекувањата според априлските проекции на Народната банка.

-Во однос на очекуваните движења на увозните цени, последните ревизии се во нагорна насока. Неизвесноста во однос на движењето на светските цени на примарните производи во следниот период е особено нагласена, согласно со неизвесните економски ефекти поврзани со пандемијата и изгледите за справување со неа, соопштуваат од НБ.

Оттаму велат дека според последните расположливи макроекономски показатели за економската активност, бруто домашниот производ во првиот квартал од 2021 година забележа реален пад од 1,9 отсто на годишна основа, во услови на трет бран на ковид-19 што негативно влијаеше врз динамиката на економското закрепнување.Нови поскапувања ќе следуваат и по зголемувањето на еколошката такса за сите горива до 3,5 денари по литар од јули.