Организаторите на Летните олимписки игри во Токио, соопштија дека уште двајца спртисти биле позитивни на коронавирусот. Станува збор за спортисти од иста држава, кои се натпреваруваат во ист спорт.

Еден ден претходно беше забележан првиот случај на заразен со Ковид – 19 во олимпиското село, а се работи за странец кој е вклучен во организацијата на Олимписките игри, а неговата националност не е објавена.

Во олимпиското село ќе бидат сместени повеќе од 11.000 спортисти, а сите натпревари ќе бидат одржани без присувство на публика, додека за спортистите, волонтерите, новинарите и другите личности кои се вклучени во организацијата важат строгите ограничувања и секојдневно тестирање.

Претходно од страна на организаторите беше соопштено дека претседателот на Јужнокорејската пинг понг федерација и член на Меѓународниот олимписки одбор ( МОО), Реј Сеунг – Мин , бил позитивен на коронавирусот по доаѓањето во Токио, заради што завршил во самоизолација во еден од хотелите во јапонската престолнина.

Од 1. јули до сега заразени се 55 лица поврзани со Олимписките игри, додека во Токио само за еден ден се регистрирани 1.410 новозаразени со коронавирусот.