Кошаркарите на Атланта Хоупс славеа над Вашингтон Визардс со 125:124, а Расел Вестбрук на две секунди до крајот промаши тројка за победа на својот тим, во ноќта на неговиот голем рекорд. Тој повторно блескаше на паркетот и го забележа 182-от трипл-дабл во својата кариера, со што го надмина Оскар Робертсон на врвот на вечната листа.

На мечот со Атланта, Вестбрук постигна 28 поени (10-22 од игра), 13 скока и 21 асистенција, но сепак не успеа да донесе победа за својот тим.

-Горд сум на сè што постигнав во кариерата, изјави Вестбрук по натпреварот.

На вечната листа на кошаркари со најмногу трипл-дабил учинок во најсилната копаркарска лигата се уште легендарниот Меџик Џонсон, Џејсон Кид, Леброн, Бирд…

Голден Стејт Вориорс конечно влегуваат во посакуваната серија во финишот од регуларниот дел на сезоната. „Воините“ ја запиша третата победа во низа, со која се зацврсти на местото кое води во разигрувањето на најсилсното кошаркарско натпреварување на светот.

Иако важеа за аутсајдери Вориорси најдоа начин како да го средат најуспешниот тим во Западот оваа сезона Јута Џез, совладувајќи го со 119:116.

Екипата на Сан Антонио Спарс запиша клучна победа во битката за разигрување, откако на убедлив начин со 146:125 славеше над еден од најдобрите тимови од Источната конференција, Милвоки Бакс. Во победнилкиот тим одличен беше ДеРозен со 23 поени, додека кај поразениот тим се истакна Јанис со 28 постигнати коша.

Тимот на Портланд, пак извојува убедлива победа во дуелот со Хјустон од 140:129.