Рапфиња е на слатки маки

89

Бразилскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Лидс Јунајтед, Рапфиња е на слатки маки затоа што интерес за неговите услуги покажуваат сите европски гиганти. Британските медиуми открија дека дефанзивниот играч за врска, кој е проценет на околу 40 мил. фунти, е желба на раководните лица на Барселона, Челзи и Ливерпул, но според истите извори, Рапфиња сака да се пресели на „Ноу Камп“.