Раперот Дрејк се обложил на Аргентина и Франција – ЗАГУБИЛ МИЛИОН ДОЛАРИ!

883
EPA-EFE/WARREN TODA

Раперот Дрејк се обложил на финалниот натпревар на Светското првенство во Катар. Иако погодил кој ќе го освои шампионатот, сепак го загуби облогот поради една работа.

Имено, раперот се обложил на еден милион долари на Аргентина, но дека ќе победат во регуларните 90 минути. Што не се случи. Аргентина имаше два гола предност во регуларното време, но Французите израмнија. Со резултат 2:2, финалниот натпревар заврши со продолженија.

По продолженијата и пеналите, Аргентина сепак го освои шампионатот, но тоа не беше она што Дрејк го предвиде во својот облог. Така изгубил милион долари, а да погодил ќе добиел 2,7 милиони долари.

Инаку, многу негови обожаватели по овој облог се загрижија бидејќи Дрејк нема среќа со обложувањето. Претходно дури се појави и терминот „проклетството на Дрејк“, откако фановите сфатија дека кога раперот го носи дресот на националниот тим, таа има тенденција да загуби. Дрејк е голем љубител на спортот, особено на НБА тимот на Репторс од неговиот роден град Торонто, чиј е глобален амбасадор.