Поранешниот неприкосновен светски шампион во бокс во крузер и тешка категорија Ивандер Холифилд, со право се смета за еден обоксерските икони на двесетиот век. Сепак, тој имаше големи финансиски потешкотии, што придонесе неговата карире да трае подолго од предвиденото, но и да учествува во боксерска егзибивија во рели години.

Минатиот викенд учествуваше во ревијален боксерски меч со поранешниот УФЦ шампион Витор Белфорт. На оваа борба 44 – годишниот Бразилец славеше во првата рунда со судиски ррекин против 58 – годишниот Холифилд, кој не успеа да даде достоен орпор. Сепак Холифилф има поинакво мислење.

-Витор е многу силен, успеа да ме турка во рингот. Но не бев раздрман, не примив никаков удар кој ме повреди, ме погоди во еден момент кога бев надвор од рамнотежа. Мислам дека судијата погреши кога ја прекина борбата, не требаше да го направи тоа толку брзо. Во следната борба би сакал да влезам во рингот со Мајк Тајсон, изјави Холифилд, кој во текот на професионалната карие која траеше од 1984 до 2011 година, имаше скор од 44 победи (29 со нокаут) и десет порази.

Холифилд борбата со Белфорт ја прифати, бидејќи неговиот сонародник Оскар де ла Хоја поради позитивен тест на коронвирус мораше да се откаже од овој меч.