Рангник лобира за Шик

56

Раководните лица на италијанскиот калчо гигант Милан ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на чешкиот интернационалец од редовите на германскиот бундеслигаш РБ Лајпциг, Патрик Шик. Младиот напаѓач е во сопственост на италијанскиот калчолигаш Рома, а во актуелната сезона која ја игра како позајмен играч постигна 10 погодоци. Италијанските медиуми открија дека Шик важи за омилен играч на идниот тренер на „росонерите“, германскиот стручњак, Ралф Рангник.