Рангник лобира за Хајдара

172

Новиот менаџер на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, веднаш побарал од клупските челници да испратат официјална понуда за стандардниот првотимец во дресот на германскиот бундеслигаш РБ Лајпциг, Амаду Хајдара. Трофејниот германски стручњак го има откриено 23-годишниот играч за врска кој ќе се пресели на „Олд Трафорд“ само доколку Јунајтед ја активира ослободителната клаузула во неговиот договор вредна 45 мил. евра.