Рангник и тренер и директор

89

Раководните лица на италијанскиот калчо гигант Милан, сакаат поранешниот предводник на германскиот бундеслигаш РБ Лајпциг, Ралф Рангник, во новата клупска сезона да биде тренер на сениорскиот тим, но истовремено да ја извршува и функцијата на спортски директор.

Седумкратниот европски клупски шампион сака Рангник веќе во јануари да биде именуван за нов спортски директор, а на крајот од актуелната сезона да биде именуван за нов шеф на стручниот штаб.