Рама: Постигнавме договор со Фајзер, вакцинацијата почнува во јануари

66

Aлбанскиот премиер Еди Рама објави дека албанската Влада постигнала начелен договорот со компанијата „Фајзер“ за обезбедување антиковид вакцина.

Според Рама вакцинацијата на популацијата во Албанија почнува во јануари.

Во екстремно тешки услови, поради вртоглавата глобална побарувачка и се уште многу малото производство, по интензивни контакти од сите четири страни, начелно се согласивме со текстот на договорот со „Фајзер“ вакцинацијата да почне во јануари“, напиша Рама на Твитер.

На почетокот на овој месец Рама беше во посета на САД каде што се сретна со Алберт Боурла, генерален директор на компанијата „Фајзер“.

Рама денеска ја осуди „ диференцијацијата на ЕУ кон Балканот по ова прашање“.

Морално, политички и логички е неприфатлива диференцијација што ЕУ ја направи на Балканот, а ние, сепак, со дипломатија и инсистирање успеавме да не останеме зад никого. И нема да запреме се додека не се обезбеди последната доза. Да ги повлечат назад зборовите оние кои продолжија со навреди и обвинувања“, посочува Рама.

Рама и изминатите денови ја критикуваше ЕУ за дистрибуцијата на вакцини против коронавирусот, велејќи дека Унијата ги оставила земјите од Западен Балкан да чекаат на вакцини се додека земјите-членки не обезбедат доволно за своите граѓани.

Извор:МИА