Рама: Посакувам да нема потреба да се собереме за уште една криза

33
 Албанскиот премиер, Еди Рама денеска во Прага во пресрет на почетокот на состанокот на Европската политичка заедница, во куса изјава за новинарите изразил надеж дека нема да има друга криза за да се одржуваат вакви средби.
– Ова не е нова идеја, тоа е многу стара идеја. Се роди во време на криза и се надевам дека нема да има друга криза, за да имаме уште една средба.  Но, од оваа средба ние ќе продолжиме и ќе направиме  нешто за иднината на Европа, за целата европска заедница и човештво, реќе Рама, пренесува Топ чанел.
Рама додаде дека Албанија е дел од регионот на Западен Балкан, опкружена со земјите од Европската Унија како целина и за нас е “апсолутно клучно иако се уште не сме во ЕУ, да бидеме Европејци”.