Рама-Меркел: „Отворен Балкан“ е алатка за спроведување на Берлинскиот процес

496

Премиерот Еди Рама на заедничката прес-конференција во Тирана со германската канцеларка Ангела Меркел, изнесоа заедничка оценка дека Берлинскиот процес не може да се замени со нови иницијативи што се појавуваат и се иницираат со текот на времето.

Според нив „Отворен Балкан“ не е иницијатива која се стреми да се натпреварува со Берлинскиот процес, туку е алатка на регионот за спроведување на Берлинскиот процес.

– Берлинскиот процес е суштината на се и во овој контекст не може да се замени. Работите може да се забрзаат во овој процес. Не е важно кој може да се грижи за тоа има многу пријатели кои можат да се грижат. Секој друг федерален канцелар ќе биде пријател на овој регион, има многу луѓе кои работат и живеат таму и интересот за работа и соработка со овој регион е голем, рече Меркел.

Фокусирајќи се на регионалната соработка и економската издржливост, Рама рече дека треба да се потпише договорот за заедничкиот регионален пазар меѓу 6-те земји.

Меѓу другото, додаде дека една од пречките е Србија, која не дозволува слободно движење на луѓето.

Од друга страна, тој не се двоумеше да го обвини премиерот на Косово, Албин Курти, велејќи дека прави теорија на заговор за „Отворен Балкан“.

– Канцеларката со право ја нагласува потребата 6-те земји да потпишат договори за заедничкиот регионален пазар. Процесот на помирување е збунувачки и она што го видовме во минатото е дека една или друга земја предизвикува сите да заостануваме. Затоа „Отворен Балкан“ не е создаден за да исклучи никого, но не и да зависи од нечие вето или теории за заговор од друг, рече Рама, алудирајќи на косовскиот премиер Албин Курти, кој се спротивставува на оваа иницијатива.

Додаде дека Берлинскиот процес има 4 слободи на ЕУ, луѓе, капитал, стоки и услуги и инвестиции што произлегуваат од комисискиот пакет.

– Што се однесува до 4-те слободи, сакаме да се движиме побрзо. Една од пречките беше тоа што Србија не го прифати слободното движење на луѓе, бидејќи постоеше предрасуда дека ќе се гарантира слободно движење меѓу Албанија и Косово. Денес е неверојатно дека Косово не го користи ова за себе, туку останува и прави теории на заговор за „Отворен Балкан“, нагласи Рама.

Посочи дека „трасата е асфалтирана. Берлинскиот процес ќе продолжи, Отворен Балкан е механизам за негово забрзување. Нема никаква контрадикторност меѓу двете иницијативи“.