Албанскиот премиер Еди Рама денеска со порака до албанските граѓани, кои деновиве се изолирани во своите домови, поради заканата од  Ковид-19.

Овојпат, шефот на албанската влада избра изрека од светата муслиманска книга Куранот, апелирајќи до граѓаните да останат дома,што значи и намалување на можноста за прошитување на врусот и начин за спасување животи.

„Кој спасува човечки живот, идентчно е како да го спасил целото човештво, цитираше Рама изрека од Куранот.

Со последните,вчерашни податоци, што ги објавува Министертвото за здравство и социјална заштита на пладне бројот на заразените во земјата е 400, починати се 22 а излекувани 154 лица.

Рама најави зголемување на времетраењето на забраната за движење а за оние кои не ја почитуваат забраната и се движат со нивните возила рече дека казнените мерки ќе се движат од затворска казна до засекогаш одземање на возачката дозвола.

Рече дека ќе има измени на законот за сообраќај за што седница ќе одржи Парламентот по што за прекршувањата во сообраќајот нема да има административни туку кривични пријави.