ДРАМА ВО ЛОНДОН: Автомобил што ја придружуваше војвотката од Единбург удри во постара жена

84

Постара жена во четвртокот во 15:21 часот била удрена од полициски мотоцикл кој се движел во придружба на војвотката од Единбург во западниот дел на Лондон.

Војвотката од Единбург по несреќата изјавила дека нејзините „искрени мисли и молитви“ биле упатени до постарата жена која, како што пренесуваат медиумите, е во критична состојба.

Лондонски Тајмс објави дека веднаш по несреќата била повикана брза помош, која тешко повредената жена во осмата деценија од животот ја пренела во болница.