„Ракот не е само хороскопски знак“ – изложба на Сокол Марковски

43
Во Галерија „КО-РА“ во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје вечерва беше отворена изложбата на Сокол Марковски, насловена „Ракот не е само хороскопски знак“.
Делата се работени во техника масло на платно и комбинирана теника – дигитален принт.
-Сокол Марковски со овој циклус од својот рецентен опус успева да оствари една маркантна доживелица која побудува повеќекратна размисла во опсервацијата и перцепцијата  на естеските дострели  со кои ја  посочува многуслојноста на значењето на пораката која авторот недвојбено и сугестивно ја упатува. Делата  успеваат да проникната во длабочината на размислата и да допрат до срцевината и суштественото во поимањето на страдањето какао неразделен феномен во егзистирањето на секоја единка, а во овој случај посветено на лицата соочени со спознавањето на една тешка  и неизвесна  страна на искушенијата со кои се соочени, како и  бројните фази низ кои минуваат, изјави  Виолета Кариќ, стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура Домот на култура.
Марковски дизајнираше и каталог, а автор е и на освртот кон изложбата во каталогот каде го истакнува значењето на оваа изложба која има повеќекратно значење со цел да го предочи страдањето на лицата заболени од канцер и да ја поттикне емпатијата кај набљудувачот.