Ракометната Лига Европа од следната сезона со 32 екипи

41

Бројот на тимови кои ќе настапуваат во ракометната Лига Европа од следната сезоната ќе се зголеми од 24 на 32 екипи, а ќе има измени и во форматот на квалификации.

Таква одлука денеска  донесе Извршниот одбор на Европската ракометна федерација (ЕХФ) на редовниот конгрес во Луксембург.

Групната фаза во Европската лига од сезоната 2022/23 ќе брои 32 екипи, а ќе се игра само едно квалификациско коло.

Во новиот состав фиксно место во групите ќе имаат 16 екипи, а уште 16 екипи ќе им се приклучат преку квалификациското коло.

Извршниот одбор на ЕХФ, исто така, ги одобри регионалните лиги – СЕХА, Балтичката лига, Лига БЕНЕ и МОЛ лигата.