Женската ракометна репрезентација на Македонија, доби група од која би требало да се пласира во следната фаза од квалификациите за Светското првенство во Шведска во 2021 година.

Македонија ќе игра против Исланд, Литванија и Грзија за две места што водат во баражот.

Оваа фаза од квалификациите ќе се игра во еден град. Односно секоја група во по еден град. Откако ќе се изврши ждрепката, ќе се извлекува и за право на организација на групите. Термините се 27-29 ноември или 4-6 декември.

ГРУПА „1“ – Словачка, Украина, Израел, Луксембург

ГРУПА „2“ – Македонија, Исланд, Литванија, Грција

ГРУПА „3“ – Португалија, Финска

ГРУПА „4“ – Австрија, Турција, Италија, Косово

ГРУПА „5“ – Белорусија, Швајцарија, Ф. Острови